Уапсени тројца хакери во Приштина

Косовската полиција заедно со американското Федерално биро за истражување (ФБИ) уапси тројца косовски граѓани на возраст од 23 до 26 години, кои се осомничени за сајбер криминал. Обвиненијата против тројцата уапсени се однесуваат на „кражби на лични и банкарски податоци и интернет продажба на штетен софтвер, кој ги заразува компјутерите“. Полицијата соопшти дека се извршени повеќе претреси во два града во Косово и биле конфискувани шест лаптопи и друга опрема, без да соопшти повеќе детали.