Ќерката на Немцов наградена во Полска

Жана Немцова.

Најстарата ќерка на убиениот рускиот опозиционер Борис Немцов доби награда во Полска во вредност од 1,1 милиони долари за залагање за демократија и човекови права. 31-годишната Жана Немцова денеска во Варшава ја доби Лех Валенса наградата за солидарност, од полскиот претседател Бронислав Коморовски и од претседателот на комитетот за наградата, поранешниот претседател Лех Валенса. Наградата за солидарност е основана од страна на Министерството за надворешни работи на Полска. Немцова ја напушти Русија откако нејзиниот татко беше убиен на 27 февруари во близина на Кремљ.