ДЗС- се расчистуваат последиците од поплавите

Дирекцијата за заштита и спасување до овој момент во регионот на Тетово има ангажирано 10 припадници на републичките сили како и 15 багери, 14 камиони и 17 пумпи за вода во справувањето со последиците од невремето. Од пумпите за вода активирани се 2 во Болницата во Тетово, а останатите се подготвени за да може да се активираат во секој момент. Активираната механизација и пумпи се од Тетово, Гостивар, Кичево и Скопје, соопштуваат од Дирекцијата. До критичните места доставена е вода за пиење. По повлекувањето на реката Пена во своето корито, останува наталожена кал која претходно била нанесена од излеаната река, a маханизација работи на расчистување.