Тензично на границата меѓу Киргистан и Таџикистан

Илустрација.

Ситуацијата на дел од границата меѓу Киргистан и Таџикистан останува напната, по насилните судири во кои беа повредени неколку лица. Пукотници денеска се слушаа во близината на киргистанското село Кок-Таш и во таџикистанското село Чоркух во близина на границата. Официјални лица од областа Исфара, за Радио Слободна Европа рекоа дека четири Таџикистанци биле повредни во пукањето. Околу 500 луѓе денеска се собраа на границата и фрла камења едни на други, при што имало повредени и биле оштетени куќи. Киргистански жени и деца биле видени како го напуштаат Кок-Таш. Конфликтот беше предизвикан вчера, откако Таџикистанци блокираа пат, спречувајќи Киргистанци да стигнат до локални горобишта. За возврат, Киргистанци го блокирале протокот на вода до таџикистанското село.