Улиците во Мала речица се претворени во голема река

По вчерашното големо невреме што го зафати тетовско, претпладнево во едно од најпогодените села Мала речица улиците се неопроодни и затрупани со камења големи дури и до еден метар кубен, jaвува нашиот новинар од теренот. Локалното население вели дека невремето вчера носело камења, дрвја и автомобили што биле паркирани пред куќите, но дури и полни возила во кои во моментот се превезувале луѓе. Жителите се излезени од своите домови и се обидуваат колку што можат да ги расчистат направени штети. Според тетовската полиција, тројца жители од Шипковица и седум годишно дете од Тетово се жртви од поплавата што следеше по невремето, а полицијата трага по двајца пријавени за исчезнати.