Преговорите за Украина завршија без напредок

Мировните преговори меѓу завојуваните страни во конфликтот во источна Украина беа прекинати по шест часа од нивниот почеток без да се постигне согласност за планираната тампон зона. На вчерашните преговори во белорускиот главен град Минск се гледаше како на обид за спасување на прекинот на огнот постигнат меѓу украинската влада и проруските бунтовници пред шест недели и кој е секојдневно прекршуван. Претставник на проруските сепаратисти соопшти дека преговорите би можело да продолжат денеска.