Косовскиот парламент го усвои законот за Специјален суд

Собранието на Косово синоќа по забрзана процедура го усвои Законот за формирање Специјален суд за судењена поранешни припадници на ОВК под сомневање дека извршиле злосторства. Станува збор за уставни измени за кои гласаа 82 од 120 пратеници во парламентот. Соединетите држави и Европската унија силно лобираа за формирање на ваков суд кој ќе има надлежност да суди и во врска со наводите за трговија со органи. „Пронаоѓање на вистината за некои наводи за време и по војната е предизвик со кој мора да се соочиме“, изјави премиерот Иса Мустафа пред гласањето во парламентот.