Невремето во Тетовско однесе жртви

Архива - Пелагонија

Пет луѓе го загубија животот во големото невреме кое го зафати Тетовскиот регион. Станува збор за три возрасни лица и две деца од Шипковица и Голема Речица.

Исто така се јавува дека имало и пет повредени луѓе. Реката Пена де излеа и причини големи материјални штети. Најкритично е во Мала и Голема Речица, Доброште, Шипковица. Без струја се селата Жеровјане и Порој.

Големо невреме со силен дожд и зафати и други делови на Македонија како Прилеп каде има поплава.