Лидерот на Хамас поканет на посета во Москва

лидерот на Хамас, Калед Машал.

Хамас соопшти дека нивниот протеран лидер бил поканет да ја посети Москва. Во соопштението на Хамас вели дека поканата била направена кога нивниот лидер Калед Машал денеска во главниот град на Катар, Доха се сретнал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Се вели дека Машал ја прифатил понудата, но дека не бил одреден датум. Москва ја потврди средбата и понудата. Машал претходно два пати се сретна со Лавров во Русија, во 2007 и во 2010 година.