Осуммина осудени во Казахстан за ширење тероризам

Илустрација.

Судот во казахстанскиот североисточен град Актобе осуди на затвор осум мажи за ширење на тероризам. Прес службата на локалниот суд за Радио Слободна Европа денеска изјави дека мажите добиле затворски казни маѓу три и шест години, откако биле прогласени за виновни за предизвикување на социјален, етнички, расен и верски раздор преку разговор на популарната мобилна апликација “WhatsApp”. Најмладиот од мажите е 21 годишен, а најстариот 38. Казахстанскиот Комитет за национална безбедност минатата недела уапси жена во источниот град Жирновск, поради сомненија за регрутирање на локални жители за можно учество во активности на меѓународни терористички организации. Не се објавени имињата на терористичките организации.