Обама ќе обелодени план против климатските промени

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама денеска ќе обелодени клучна еколошка акција во рамките на борбата против климатските промени. „Промената на климата веќе не е проблем на идните генерации“, оцени Обама во видеото на Фејсбук. Станува збор за големо намалување на дозволените количества штетни гасови во атмосферата од домашните термоцентрали. Планот се очекува да наиде на критики од индустриските концерни и од конгресмените од федералните држави каде што главен извор на енергија се термоцентралите. Доколку биде имплементиран овој план на Обама тогаш би требало да бидат затворени многу централи кои работат на јаглен.