Кери во Катар за нуклеарниот договор со Иран

Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Катар каде што со тамошните лидери ќе разговара за договорот на големите светски сили со Иран за нуклеарната програма на таа земја. Кери претходно престојуваше во Египет каде што исто така зборуваше во прилог на договорот постигнат во минатиот месец во Виена. Арапските земји се загрижени, посебно оние каде што на власт се сунитските муслимани дека Иран кој е главно шиитски ќе го зголеми неговото влијание во регионот. Во Каиро Кери призна дека иранската улога во целост била негативна, но оти тоа може да биде поправено токму со новиот нуклеарен договор.