Се урна руски воен хелихоптер,еден загинат

Руски воен хелихоптер се урна на аеромитинг пред илјадници присутни при што загина еден член на екипажот а другиот е повреден. Командантот на хелихоптерот Ми-28 загина при уривањето на леталото на аеромитингот што се одржа во рускиот регион Риазан, околу 200 километри југоисточно од Москва. Шефот на руските воздушни сили соопшти дека според вториот преживеан пилот дефект на опремата го предизвикала инцидентот.
Нема повредени меѓу присутните граѓани. Руските воздушни сили ги користат советските Ми-28 од средината на 2000-тите, а леталото исто така се извезува во многу земји вклучително и во Ирак.