Бајден со соработниците разговарал за претседателска номинација

Њујорк тајмс вчера најави дека американскиот потпреседател Џо Бајден одржал состанок со советниците и соработниците во неговиот дом на кој разговарале за можноста тој да и биде противкандидат на Хилари Клинтон во претседателската трка кај демократите.
Тајмс јавува дека приврзаниците на Бајден ги контактирале лидерите на Демократската партија и донорите кои не се силно посветени на номинацијата на Клинтон или можеби се загрижени за нејзините перспективи. 72 годишниот Бајден рече дека ќе ја донесе одлуката до крајот на летово.