ММФ одобри 1,7 милијарди долари за Украина

Меѓународниот монетарен фонд ја одобри втората рата од кредитот за Украина и покрај растечката неизвесност поради големите долгови на земјата и конфликтот со сепаратистите поддржани од Русија. Бордот на ММФ соопшти дека веднаш ќе биде префрлена ратата од 1,7 милијарди долари, која е дел 17,5 милијарди долари вредната програма за поддршка дадена во март и поврзана со реформите што Украина треба да ги преземе. Дејвид Липтон директор во ММФ рече дека украинските власти имале силен почеток на тешките реформи кои бараат справување со големите долгови,со корупцијата и со неефикасноста во управувањето. Украина соопшти дека ќе го искористи заемот за пополнување на осиромашените резерви на народната банка.