Главното археолошко наоѓалиште во Крим под федерална контрола

Рускиот претседател Владимир Путин нареди главното археолошко наоѓалиште во Крим да биде ставено под федерална контрола откако дојде до несогласувања за именувањето на директор. Интерфакс го цитира советникот на Путин Владимир Толстој кој рекол дека античкиот грчки град ќе биде ставен под министерството за култура. Наоѓалиштето се наоѓа веднаш до Севастопол главното пристаниште во Крим кој Русија го анектираше од Украина минатата година. Наредбата на Путин следува откако севастополскиот гувернер минатиот месец именува руски православен свештеник за директор на музејот. Назначувањето предизвика критички реакции во јавноста и незадоволство кај вработените во музејот кои тврдат дека свештеникот не е кфалификуван за работата.