Барзани ги повика борците од ПКК да го напуштат курдскиот регион во Ирак

Масуд Барзани, претседател на ирачкиот курдски регион ги повика милитантите од Курдската работничка партија да го напуштат северен Ирак за да запрат турските воздушни напади во кои има и цивилни жртви. Соопштението од канцеларијата на Барзани објавено денеска, следува само неколку часа по новата серија турски воздушни напади врз капмовите на ПКК во кои загинаа најмалку шест луѓе во селото Заркел.
Соопштението доаѓа и ден откако шефот на курдистанската дипломатија Фалах Мустафа Бакир ја критикуваше ПКК дека го напуштила кревкиот прекин на огнот со турските власти. Тој исто така оцени и дека турските воздушни напади не се соодветен одговор, a дека Ирачаните се заглавени меѓу двете страни.