Јеменскиот премиер се врати од егзил

Јеменскиот премиер Калед Бахах се врати од егзилот во Саудиска Арабија. Тој денеска пристигна во јужниот јеменски град Аден. Бахах е највисокиот државен функционер кој пристигна во Аден откако локалните борци во средината на јули го ослободија градот од Хути милитантите поддржани од Иран. Официјалните лица од аеродромот во Аден соопштија дека Бахах слетал околу пладне по локално време со саудиски авион кој полетал од Ријад. Арабските телевизии јавуваат дека неколку министри исто така дошле како дел од делегацијата на Бахах.