Шефот на нуклеарната агенција на ОН ќе се сретне со американските сенатори

Шефот на набљудувачката мисија на ОН за нуклеарната програма идната недела ќе се сретне со американски сенатори за да се дискутира за историскиот нуклеарен договор со Иран. Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано на петти месецов ќе се сретне со претставниците на комитетот за надворешни работи на Сенатот. Лидерите на републиканците во Сенатот ја критикуваа администрацијата на Барак Обама дека направила тајни договори со Иран, далеку од очите на јавноста во кои наводно е инволвирана и нуклеарната агенција со седиште во Виена. Сенаторите се очекува да го прашуваат Амано за обвинувањата. Некои републиканци се обидуваат да направат билатерални коалиции со американските законодавци за да го блокираат нуклеарниот договор меѓу Иран и шесте светски сили.