Талибанците негираат дека основачот на Хагани е мртов

Талибанците денеска ги негираат извештаите во пакистанските медиуми според кои Џалалудин Хагани, основачот на милитантната мрежа Хагани, е мртов речиси една година. Повеќе кредибилни талибански извори за РСЕ, радио Машал и други пакистански медиуми вчера рекоа дека Хагани починал од болест во 2014 година и дека е погребан во Авганистан. Седумдесет годишниот Хагани беше болен последните години и поголем дел од контролата врз милитантаната мрежа му ја предаде на својот син Сирахудин Хагани. Денеска преку соопштение Талибанците наведуваат дека извештаите за смртта на Хагани немаат основа. Тој беше болен претходно, но беше благословен со добро здравје периодов и нема проблеми во моментов, соопштија Талибанците. Блиски роднини пак за Ројтерс вчера изјавија дека Хагани е се уште жив, но дека болен.