Русија ја намали клучната каматна стапка

Централната банка на Русија денеска ја намали својата клучна каматна стапка од 50 базични поени на 11 проценти, велејќи дека со ризизците од економското забавање сега се надминува ризикот од инфлација. Во соопштението на банката исто така се вели дека неочекуваното тешка контракција на побарувачката во Русија во текот на првата половина од 2015 година, значи дека може да ги намали своите предвидувања за економскиот аутпут. Банката претходно предвиде контракција од 3.2 проценти од Бруто домашниот производ на Русија во текот на 2015 година. Неодамнешниот пад на рубљата на 60 рубљи за еден американски долар беше закана да предизвика инфлација во Русија.