Турција: истрага против курдскиот лидер Демирташ

Селахатин Демирташ

Турските обвинители покренаа истрага против лидерот на главната курдска партија во Турција Селахатин Демирташ поради крвавите протести во октомври 2014 година, јавува Анадолија. Обвинителите во градот Дијарбекир, на југоистокот на земјата, покренаа истрага против него поради поттикнување луѓе да земат оружје за време на протестите во кои загинаа десетици лица. Демирташ е лидер на Народната демократска партија која му нанесе тежок удар на владејачката Партија на правдата и развојот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на парламентарните избори. Демирташ на кој му се заканува казна затвор до 24 години изјави дека неговата партија не е политичко крило на Курдската работничка партија која деновиве врши напади врз турските сили за безбедност.