Напад на ПКК врз турските безбедносни сили

Пет луѓе загинаа во нови напади врз турските безбедносни сили, соопштија официјалните лица. Турција за новиот бран напади врз безбедносните сили во југоисточниот дел на земјата, ја обвини Работничката партија на Курдистан (ПКК). Тројца турски војници, вклучително и еден полицаец денеска беа убиени, кога милитантите на ПКК отвориле оган врз конвој во провинцијата Сирнак. Војската соопшти дека еден од бунтовниците на ПКК загинал, откако војската одговорила со контра офанзива. Еден турски полицаец и еден цивил исто така беа убиени вчера во напад со пиштол на чајџилница во областа Џинар, во главно курдскиот град Дијарбакир. Нападот доаѓа откако Турција минатата недела започна воени воздушни напади врз позиции на ПКК во Турција и во Ирак, кршејќи го прекинот на огнот од 2013 година меѓу милитантите и турската Влада.