Почна судењето на руската пилотка Савченко

Рускиот суд го зaпочна судењето на украинската воена пилотка Надја Савченко, која е обвинета од руските власти во врска со смртта на двајцата руски новинари кои го следеле конфликтот во источна Украина. Рочиштето за случајот на Савченко започна денеска во градот Доњецк, во рускиот регион Ростов во близина на границата со Украина. Градот нема врска со украинскиот град Доњецк во источниот дел на земјата каде се водат борбите. „Надежда Викторовна Савченко е доведена во градскиот суд во Доњецки“, изјави за новинарите портпаролот на судот, алудирајќи на руското име на украинската жена.На западните дипломати, кои се обиедле да го следат судскиот процес зад затворени врати, не им било дозволено да присуствуваат на судењето. 34 –годишната Савченко се соочува со казна од 25 години затвор поради обвиненија кои меѓународно се осудени како политички мотивирани. Исто така таа е обвинета и за нелегално влегување во Русија. Савченко ги отфрла обвиненијата, велејќи дека била заробена од сепаратистичките бунтовници и прошверцувана преку границата од страна на руски разузнавачи.