Награда за затворената новинарка Кадиџа Исмаилова

Кадиџа Исмаилова

Американскиот Национален прес клуб и додели награда за слобода на печатот на затворената азербејџанска новинарка Кадиџа Исмаилова. Таа е соработник на Радио Слободна Европа и веќе 234 денови се наоѓа во притвор во Баку под обвинение за кои многумина сметаат дека е мотивирано да се спречи нејзината истражувачка работа за наводите на корупција во кој бил инволвиран и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев. Исмаилова се соочува со казна затвор од 19 години. Освен Кадиџа Исмаилова награди од Националниот прес клуб добија Остин Тајс, дописник од Сирија и Џејсон Резаијан дописник на Вашингтон пост од Техеран.