Портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева го изрази задоволство на Комисијата за напредокот во преговорите за третата програма за финансиска помош за Грција.
За време на редовната прес-конференција во Брисел, таа рече дека разговорите напредуваат на „позитивен“ и „конструктивен“ начин, што ќе овозможи да завршат што е можно побрзо, јавуваат грчките медиуми.
„Шефот на мисијата на Европската комисија во Атина веќе e на лице место и води интензивни преговори со грчката страна“, додаде Андреева.
Според неа, двата пакети за претходни активности и реформи донесени од страна на грчкиот Парламент, покажаа дека грчката Влада ги исполнува своите обврски, токму онака како што е договорено.