Русија: американскиот Национален фонд за демократија е непожелен

Руското државно обвинителство го прогласи за непожелен американскиот Национален фонд за демократија, бидејќи оцени дека работата на таа невладина организација претставува закана за уставниот систем, одбранбената способност и безбедноста на Русија. Водечките руски невладини организации изразија жалење поради оваа прва одлука на Обвинителството донесена врз основа на новиот закон за непожелни странски невладини групи во Русија. Шефот на рускиот оддел на Амнести интернешнал Сергеј Никитин смета дека законот е насочен кон задушување на граѓанското општество и оти нема сомневање дека наскоро на списокот ќе се најдат и други организации.