Разговори Иран - ЕУ на високо ниво

Иран и Европската унија се согласија да започнат разговори на високо ниво, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф по средбата со шефицата за надворешна политика на Европската унија Федерика Могерини во Техеран. Тој вели дека разговорите ќе започнат набрзо. Двете страни ќе разговараат за повеќе прашања како енергетската соработка, човековите права, соочувањето со тероризмот и други регионални прашања.

Могерини пристигна во еднодневна посета на Иран за да разговара со своите домаќини за спроведувањето на нуклеарниот договор, чија цел е да се спречи нуклеарната програма на Иран, во замена за олеснување на западните санкции.