Ердоган: Не отстапуваме од борбата против тероризмот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција нема да отстапи од борбата против тероризмот, откако беа преземени воздушни напади врз Исламска држава во северна Сирија и курдски бунтовнички кампови во северен Ирак.

„Нема да бидат направени чекори назад во нашата борба против тероризмот, тоа е процес и тој ќе продолжи со истата одлучност“, истакна Ердоган пред да отпатува во официјална посета на Пекинг.

Тој посочи дека на денешната вонредна седница на НАТО, на барање на Турција, Алијансата ќе ја објави својата подготвеност да преземе неопходни мерки. Ердоган не наведе повеќе детали.