Укината пресудата на Санадер за Хипо банка и Ина-Мол

Уставниот суд на Хрватска денеска објави дека ја укинува пресудата на осум ипол години затвор за поранешниот премиер Иво Санадер за случаите Хипо банка и Ина-Мол и го враќа целиот случај на повторно судење во судот во Загреб. Санадер во тие случаи е осуден за воено профитерство и примање на 10 милиони евра мито од претседателот на управата на Ина-Мол. Без разлика на укинувањето на пресудата, поранешниот премиер останува во затвор затоа што за случајот „Фими-медија“е осуден на девет години затвор.