Обама ги повика Кенијците на борба против корупцијата

Американскиот претседател Барак Обама денеска ги повика Кенијците да „го изберат патот на напредок“ со тоа што ќе продолжат со борбата против корупцијата, ќе се соочат со тероризмот и ќе ги унапредуваат правата на жените. За време на историската посета на татковината на неговиот татко, Обама рече дека корупцијата се толерира во кениското општество и на неа се гледа како на „нормална работа“. Обама исто така се осврна на справувањето со исламистичката сомалиска организација Ал Шабаб и вети дека САД ќе ѝ бидат партнер на Кенија. Тој вчера понуди дополнителна обука и фондови за борба против тероризмот. Обама исто така побара поголема толеранција и почит за жените и девојчињата, повикувајќи на запирање на насилството против жените, присилните бракови со девојчиња кои би требало да одат на училиште, сексуалните напади и традиционалното „осакатување на гениталиите“. Обама рече дека за овие традиции нема место во 21 век.