Турција: Сирија не е способна да се бори против ИД

Турција ги извести ОН дека почнала воздушни напади врз положби на борци од Исламска држава во Сирија, затоа што сириската Влада не е ниту способна, ниту има волја да се бори против терористичката организација.

Во писмото упатено вчера до генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и СБ, Турција се повикува на членот 51 од Повелбата на ОН која се однесува на индивидуалното или колективното право на самоодбрана во случај на оружен напад, како оправдување за акцијата.