Гевгелија бара повеќе полицајци и возови за мигрантите

Поголем број полициски службеници за издавање дозволи за 72-часовен престој во Македонија и зголемување на бројот возовите кои тргнуваат од железничките станици во Гевгелија и Миравци, предлага Општина Гевгелија со цел намалување на бројот на мигранти во овој град.

Ова го предлага Општина Гевгелија со цел намалување на бројот на мигрантите во овој град. Наскоро предлозите ќе бидат испратени до надлежните институции на разгледување.

Советот на Општина Гевгелија изрази загриженост бидејќи мигрантите по влезот во државата, престојуваат на повеќе локации во градот - на железничката и автобуската станица во Гевгелија, на околните зелени површини.