Осудени за ширење забранета религија во Кина

Илустрација.

Судот во североисточна Кина денеска осуди петмина луѓе за ширење на учењето на забранета религиозна група. Петтемина членови на Куанненгшен или Црквата на семоќниот Бог, добија меѓу две и три години затвор за непочитување на законот, придобивање верници и ширење на групата, соопшти судот во Панџин. Припадниците на црквата веруваат дека Исус Христос воскреснал во сопругата на основачот на сектата. Освен оваа, во Кина се забрането уште 13 други секти. Минатата година беше објавена видео снимка на која се гледа како членовите на сектата претепуваат до смрт една жена во ресторан на Мекдоналдс. Двајца верници беа осудени на смрт поради убиството.