Косово - Прво Специјалниот суд, а потоа одмор за пратениците

Косовскиот премиер Иса Мустафа изјави денеска дека Владата побарала од пратениците да не заминуваат на годишен одмор додека не се усвојат амандманите со кои ќе се овозможи формирање на Специјален суд за воени злосторства на поранешна Ослободителна војска на Косово (ОВК).

Мустафа не прецизираше кога амандманите на Уставот на Косово повторно ќе бидат ставени на дневен ред во Парламентот.