Давутоглу: Продолжува борбата против ИД

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека борбата против борците на групата „Исламска држава“ и членовите на други илегални крајнолевичарски и курдски групи ќе продолжи.

Давутоглу денеска на прес-конференција изјави дека 297 лица, вклучително 37 странци биле приведени при денешните операции во земјата.

Полициските акции беа проследени со воздушни напади, извршени од турски борбени авиони врз позиции на ИД во Сирија, кои целосно се уништени, истакна Давутоглу, додавајќи дека турската армија не навлегла на сириска територија.