Втора рунда преговори меѓу Авганистан и Талибанците

Втората рунда од мировните разговори меѓу претставниците на авганистанските власти и на талибанците ќе се одржи на 30 јули. Од Авганистанскиот мировен совет денеска соопштија дека двете страни се уште ги усогласуваат деталите за состанокот, меѓу нив и тоа кој ќе учествува на разговорите и каде ќе се одржат, иако Кина се спомнува како можно место. Од Советот велат дека официјален Кабул ќе побара од талибанците да се договорат за привремен прекин на огнот. Првата рунда разговори меѓу двете страни се одржа во Пакистан на 7 јули. На состанокот присуствуваа и американски и кинески претставници.