Картер во посета на ирачкиот курдски регион

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер пристигна во ненајавена посета на Ибрил, главниот град на ирачкиот курдски регион. Тој разговараше со претседателот на курдскиот регион Масуд Барзани, а ќе се сретне и со американските сили кои ги тренираат курдските Пешмерга борци. Тие се една од најуспешните групи кои се борат против милитантите на групата Исламска држава.Картер пред неговата посета изјави дека курдските сили се моќна и успешна сила во земјата. Тие неодамна побараа оружје од Вашингтон, но нивното барање се уште се разгледува. Посетата на Картер доаѓа еден ден откако тој се сретна со ирачките претставници во Багдад.