Франција и Иран согласни на соработка

Претседателите на Франција и на Иран Франсоа Оланд и Хасан Рохани си испратија пораки дека се согласни да ја продлабочат билатералната соработка, соопшти кабинетот на Оланд. Во пораките тие изразуваат желба и за соработка во обезбедувањето мир во регионот. По постигнатиот нуклеарен договор со Иран европските лидери изразија подготвеност за обнова на односите со Техеран. Таму веќе престојуваше германскиот министер за економија Зигмар Габриел. Во септември во Иран ќе допатува и австрискиот претседател Хајнц Фишер. Што ќе биде прва посета на еден шеф на европска држава на Техеран од 2004 година.