Тројца убиени во пукање во кино во Луизијана

Вооружено лице отворило оган во една кино сала во градот Лафает во американската држава Луизијана при што убило две лица пред да се застрела и самиот. Во пукањето биле ранети седуммина лица, соопшти полицијата која напаѓачот го опиша како „белец во педесеттите години“. Според некои сведоци, тој за време на кино претставата станал од своето место и почнал да пука врз публиката.