Работнички во третото коло од квалификациите за Лига Европа

Македонскиот претставник во Лига Европа, екипата на Работнички од Скопје го совлада летонскиот тим Јелгава со 2:0, резултат постигнат уште во првото полувреме. Стрелци на головите за „романтичарите“ беа Илијовски во 6-тата минута и Сахити во 17-тата минута по соло акција. Првиот меч во Летонија заврши со резултат од 1:0 за Јелгава, што значи дека Работнички се пласира за следното коло каде што за противник ќе го има турскиот Трабзон.