Хрватските фудбалери казнети за кукастиот крст

Репрезентацијата на Хрватска остана без еден бод во квалификациите за Европскоот првенство, а наредните два меча на домашен терен ќе игра без публика, одлучи УЕФА.

Оваа одлука УЕФА ја донесе поради инцидентите на мечот против Италија и изгравираниот кукаст крст на тревникот на стадионот „Пољуд“.

Со одземениот бод, Хрватска ќе има 13 бода наместо 14, но и покрај тоа ќе остане лидер во групата, пред Италија и Норвешка кои имаат 12, односно 10 бода.

Покрај овие казни, Хрватска е казнета и парично со 100. 000 евра.