Убиен човек во пицерија во Куманово

Ma

Едно лице е убиено попладнево во пицерија во кумановската населба Бедиње.

Според првичните информации на полицијата убиено е едно лице во пицерија лоцирана на улицата „11 Ноември“, спроти Државниот тетовски универзитет во кумановската населба Бедиње.

Портпаролот на МВР Иво Котески за МИА ја потврди информацијата и информираше дека повикан е јавен обвинител, а увид на лице место вршат и увидни екипи на СВР Куманово.