Уште еден полицаец убиен во Турција

Eден турски полицаец е убиен, а друг повреден во напад во југоисточниот дел од земјата, соопштија тамошните власти. Тие велат дека нападот се случил додека полицајците регулирале сообраќај во мнозинско курдскиот град Дијарбекир. Денешниот напад доаѓа еден ден откако двајца полицајци беа убиени во близина на границата со Сирија. Одговорноста за тој напад ја презеде военото крило на забранетата Курдска работничка партија.