Димовски: СДСМ ги менува ставовите за ЈО

Ако до вчера имаше критика дека Јавното обвинителство досега не преземало никакви активности, денеска има критика зошто Обвинителството преземало активности поврзани со овие случаи, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, запрашан да ја коментира прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Вчера Јавното обвинителство лиферуваше соопштение со предметите по кои постапува, а кои се поврзани со прислушуваните телефонски разговори. Димовски посочи дека СДСМ ги менува ставовите на дневна основа.

„Јавното обвинителство како посебен единствен и независен орган и сите други институции и судската власт и Парламентот и Владата единствено се надлежни да постапуваат согласно законите во Република Македонија“, рече Димовски.