Западен Балкан тема на состанокот на ЕУ во Софија

Состојбата во регионот на западен Балкан е една од темите на тркалезната маса за стратегијата на надворешната политика и безбедноста на ЕУ, што се одржува денеска во Софија. На собирот, на кој учествува и високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, меѓу другите се поканети и претставници на истражувачки центри од земјите од западен Балкан. Главна цел на собирот е ревизија и дополнување на Глобалната стратегија за надворешна политика и безбедност на ЕУ, која последен пат е променета во 2003 година.

Според најавите од Брисел, ревизијата на стратегијата се должи на динамично променетите околности од 2003 година и појавата на нови предизвици, како илегалната имиграција, кибер безбедноста и тероризмот.