Могерини ќе ги посети Иран и Саудиска Арабија

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини следната недела ќе ги посети Иран и Саудиска Арабија за да разговара со тамошните власти за нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили. Од Канцеларијата на Могерини соопштија дека таа ќе ја посети Саудиска Арабија на 27 јули и таму ќе разговара за регионалните прашања по потпишувањето на договорот. А следниот ден ќе го посети Иран. Таму според предвиденото треба да се разговара за спроведување на договорот меѓу другите прашања. Договорот потпишан на 14 јули внесе загриженост кај одредени земји на Блискиот Исток, меѓу кои и Саудиска Арабија. Тие стравуваат дека укинувањето на санкциите кон Иран може да го зголеми влијанието на Иран во регионот, а со тоа и да го дестабилизира.