Експлозии на автомобили бомби во Багдад најмалку 26 загинати

Најмалку 26 луѓе загинале во квартови на ирачкиот главен град Багдад населени со шиити во вчерашните два напада со автомобили бомби. Екстремистичката организација Исламска држава често пати ги напаѓа шиитските заедници во Ирак, контролните пунктови на ирачката војска, како и владините згради. Милитантите под своја контрола држат големи делови во западен и северен Ирак. Во тек е ирачка офанзива против милитантите на западот на земјата која е потпомогната со воздушни напади на меѓународната коалиција предводена од Соединетите држави.