Грчкиот парламент го одобри и вториот пакет реформи

Грчкиот парламент денеска ги одобри новите реформи побарани од европските лидери како услов за добивање на третиот финансиски пакет од 85 милијарди евра. Станува збор за реформи во судството и во банкарскиот сектор. Премиерот Алексис Ципрас уште еднаш се соочи со револт од пратениците на неговата радикално левичарска партија Сириза. Овој пат револтот не беше толку голем како при гласањето за првиот пакет реформи во пензискиот и даночниот систем. За законите гласаа и проевропските опозициски партии.