Времето денеска: топло со умерена облачност

Во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне во северозападните делови е можен краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 28 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 38 степени.